Утрински Весник
Македонија

Костова: ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати

K Kostova Sdsm 1 Scaled.jpg
Dik 300x250 mk

„Празниците треба да се денови на спокој, меѓусебна поддршка и грижа. Но со актуелната власт на ДПМНЕ работниците немаат спокој ниту на празник. Во овие празнични денови, на Велигден Владата ги остави без плата културните работници, вработените во Центрите за социјална работа, работниците во Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, во Министерство за економија“, соопшти на прес-конференција, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

„Овие граѓани празникот ќе го дочекаат во неизвесност и разочараност, без можност да си ги подмират основните потреби. ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати на сите вработени до 15 во тековниот месец за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите или воопшто не им е грижа за работниците. Вистинското лице на Владата на ДПМНЕ е тотална незаинтересирност за граѓаните. Платата не е награда, таа е основно загарантирано законско право на секој работник“, вели Костова.


Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина