Утрински Весник
Економија

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Dozd.jpg

Во Охрид и на Попова Шапка во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, се измерени два литри на метар квадратен воден талог, а во Пожаране и Маврови Анови еден литар на метар квадратен, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.


Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Можете да прочитате

Пазарниот инспекторат најави засилени контроли на пазарот на ѓубрива

Во февруари намалена потрошувачката на нафтени продукти и природен гас

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот