Утрински Весник
Свет

Се откачи кабина од жичарница близу Неапол – четворица загинати

72279145 803.webp.webp

Четири лица загинаа кога се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја. Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено.

Властите кажаа дека кабината била блиску до врвот на планината кога се скинал еден од каблите. Претседателот на регионот Винченцо Де Лука кажа дека сите жртви се туристи.


Во исто време возела уште една кабина, која во тој момент била близу дното на долината и сите 16 луѓе кои биле во неа еден по еден биле спасени во сложена операција.
Де Лука кажа дека поради лошите временски услови спасувачите имале проблеми да пристапат до местото каде што се случила несреќата.

„Веруваме дека се скинал влечен кабел“, изјави градоначалникот на Кастелемаре ди Стабија, каде што е лоцирана три километри долгата жичница, додавајќи дека таа била редовно проверувана.

Можете да прочитате

Се шири снимка стара 10 години: Што му кажа Хилари Клинтон на Трамп за Путин

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда