Утрински Весник
Свет

Рубио и Виткоф ќе се сретнат со европски претставници во Париз на разговори за прекин на војната во Украина

20250417080737 big 730x400 90.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф денеска во Париз ќе се сретнат со европски претставници за да разговараат за напорите за запирање на војната во Украина. На состаноците ќе учествуваат и францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, што ја прави средбата на највисоко ниво на трансатлантскиот дијалог за Украина од февруари годинава.

Виткоф и Рубио ќе се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот тим, а потоа американскиот дипломат ќе има посебна средба со Лами, како и со францускиот и германскиот колега. Во разговорите ќе бидат вклучени и европски советници за национална безбедност.


Американскиот Стејт департмент објави дека главниот фокус ќе биде ставен на можностите за прекин на борбите во Украина. Пратеникот Виткоф на европската страна ќе и пренесе и детали од неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, одржана минатата недела.

Европските дипломати велат дека ќе побараат од САД да заземат посилен пристап кон Москва.

Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, американската политика кон Украина значително се промени. Додека претходната администрација инсистираше на цврст воен одговор и силна координација со сојузниците, сегашната Бела куќа се повеќе покажува подготвеност за компромис со Москва без консултации со нејзините европски партнери.

Можете да прочитате

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина