Утрински Весник
Македонија

Повик на ИФФК „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. фестивалско издание

20250416162624 big 730x400 68.webp.webp

Од денеска до 27 јуни е отворен повикот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. издание на фестивалот што се одржува во Битола. Пријавувањето е на: https://filmfreeway.com/ManakiBrothers 

– Дајте и можност на својата креативност да заблеска и пријавете го вашиот филм од 17 април до 27 јуни. ИФФК „Браќа Манаки“ ги поканува филмските работници да ни се придружат на ова заедничко филмско патување. Четириесет и шестото издание уште еднаш ќе ја чествува богатата историја на фестивалот, прифаќајќи го духот на современата кинематографија. Во текот на седум дена, присутните можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат, соопшти ИФФК „Браќа Манаки“. 


Секоја година, фестивалот посветен на кинематограферите доделува награди, меѓу кои во официјалниот избор на филмови се Златна, Сребрена и Бронзена камера 300, како и почесни награди, меѓу кои е и наградата Голема ѕвезда на македонската кинематографија.

Можете да прочитате

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца