Утрински Весник
Скопје

Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода

Struja 2.webp.webp

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Чаир, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер Сандево, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од од селото Сарај ул.„4“ – пат за селото Љубин кај кафе „Лозана“ во Општина Сарај.


Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Трповски“ зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски во Општина Чаир.

Во периодот од 09:00 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат селото Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово во Општина Сопиште.

Во периодот од 10:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на ул.„Наум Чакаров“ бр.1-5 и ул.„Борис Сарафов“ бр.105-121 во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:00 до 13:00 часот без снабдување со елетрична енергија ќе останат корисниците од ул.„1“ во с.Побожје, пат кон Бутел во Општина Чучер Сандево.

Поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Христо Татарчев“ бр.22/4, денеска без вода ќе останат корисниците крак 22 од оваа улица во Општина Кисела Вода. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.

Можете да прочитате

Утре и во понеделник нема да се плаќа паркирање на ЈП „Градски паркинг“ – исклучок се неколку места

Без струја денес делови од една скопска населба

Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден