Утрински Весник
Свет

Израелската војска останува во Газа, Либан и Сирија

20250416110544 big 730x400 88.webp.webp

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелските војници ќе останат на неодредено време во таканаречените безбедносни зони во Појасот Газа, Либан и Сирија.

„За разлика од минатото, израелската армија нема да се евакуира од областите што се исчистени и заземени. Армијата ќе остане во безбедносните зони како тампон меѓу непријателот и израелската заедница во секоја привремена или постојана ситуација во Газа, како во Либан и Сирија“, рече Кац, пренесува „Тајмс оф Израел“.


Израелските сили зазедоа големи области на Газа во последниве недели во обновената воена кампања во Појасот Газа, откако го прекршија прекинот на огнот минатиот месец.

Израел, исто така, одби да се повлече од некои области во Либан по прекинот на огнот со милитантната група Хезболах минатата година, а окупираше тампон зона во јужна Сирија по соборувањето на претседателот Башар Асад, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Научниците пронајдоа клучни индиции на гробот на Исус

Благодатниот оган и оваа година се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

Силен земјотрес ја стресе Јапонија