Утрински Весник
Македонија

Новиот градоначалник на Кочани: Состојбата во општината е хаотична, наместо 32 имаме 16 пожарникари!

Uploads thumbs resize 800x420 694011.jpg

Новиот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна.

-Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани. Состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти. Таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали имаме директори, немаме технички директор. Катастрофална е и состојбата со човечките ресурси и во пожарната, потребниот минимум е 32 пожарникари а ние имаме 16. Едноставно целата ситуација е таква каква што е“, вели новиот в.д. градоначалник Венко Крстевски.


Венко Крстевски беше избран како независен советник од Советот на општина Кочани како привремено шестмесечно решение до следните локални избори, откако градоначалникот Љупчо Папазов си поднесе оставка, пред да биде уапсен и притворен по пожарот во дискотеката „Пулс“ кој однесе 61 живот.

Можете да прочитате

1 Мај – Ден на трудот: Прослава, протест и скара – зошто и како настанал овој ден?

Снопче: Ако АА излезе од Владата, ќе има потреба од нови избори – Ќоку најавен како нов координатор на „Влен“

Повторно колони возила и гужви на границата со Грција