Утрински Весник
Економија

МЗШВ: Исплатени 292.614.813,00 денари субвенции кон 4.574 млекопроизводители

Slika.jpg

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.

Извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.


Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.

Субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени.

Редовната исплата на субвенциите е приоритет на кој што работи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата има пари за авион, а нема за плати!

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје