Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време, во текот на ноќта ќе има повремен дожд

Dozd.webp.webp

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С) 11 Крушево, Попова Шапка, 14 Тетово, Лазарополе, 15 Претор, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 16 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Берово, Маврови Анови, 17 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Велес, 18 Скопје-Петровец, Виница, 19 Охрид.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 1 Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, Виница, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Берово, Крушево, Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе.


ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, од раните утрински часови имаше повремен локален дожд со слаб интензитет. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 50 km/h.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно, во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната
ќе достигне од 19 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Можете да прочитате

До кога со дрските и крајно недолични бугарски уцени?

Николоски по средбите во Дубаи и Шарџа: Очекуваме сериозни инвестиции во туризмот, инфраструктурата, земјоделието и недвижностите

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија