Утрински Весник
Македонија

Костова од СДСМ за ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски

Kristina k sdsm1 scaled.jpg

Не ми е јасно како некои од моите поранешни сопартијци трчаат во скутот на еден потпросечен политичар како што е Христијан Мицкоски, зашто сдсмовската борбеност налага да се одважиме и да се спротивставиме на деструктивните политики на владејачкото мнозинство, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Во однос на неодамнешните внатрепартиски избори на кои ново-стариот претседател Венко Филипче беше реизбран со 18 000 гласа, што е далеку помал број од изборот на Зоран Заев со 59 000, а по него и на Димитар Ковачевски со 37 000 гласа, потпретседателката Костова вели дека со овозможувањето на непосредни избори, на кои членството си го избира лидерот, покажале дека „овој демократски чин е нешто невидено за останатите партии во земјава“. На новинарско прашање – зошто не успеале барем да се доближат до бројките од изборот на Ковачевски ако не на Заев, таа одговара:


„Ние сме задоволни со тоа што сите регистрирани членови покажуваат своја активност и покажуваат дека и процесот на консолидација е финиширан и дека довербата се враќа помеѓу членовите. Постои и голема можност за потенцијал и работа, а таа работа прво ќе се види од најосновните клетки на партијата, од месните и општинските организации и сите оние средби со граѓани и поддржувачи преку кои понатаму ќе се шири оваа нова возобновена доверба во СДСМ“.

На новинарска забелешка дека во јавноста се слушаат критики дека СДСМ е слаба или млака опозиција, Костова негира и вели дека тие секојдневно зборуваат и алармираат за случувањата во земјава и за „лошата состојба во која Македонија се наоѓа на секое поле“.

„Зборуваме и за ситуација во која по економските параметри се забележуваат големи недостатоци и пад на економијата. Станува збор за мали плати, вртоглави раст на цените на основните продукти и трошоците за живот, одбивање од владејачкото мнозинство да преземе што било за да пораснат платите и да се подобри квалитетот на животен стандард. Зборуваме и за услови во кои на надворешен план гледаме дека освен скапо платените, од граѓански пари, екскурзии и шетања по детски градинки и скапи ресторани, немаме никаков ефект или не гледаме никаков ефект од таквите скапи екскурзии и фотосесии во странство. Земјата е извадена од европскиот колосек“,коментира Костова

Можете да прочитате

Кос: Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд

Коцевски: Од Бугарија стигна одговорот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ