Утрински Весник
Македонија

Ла Ниња повторно ќе добие на интензитет: Не очекуваат голем број на временски непогоди!

Meteoalarm.mk 37.png

Климатскиот феномен Ла Ниња, која носи поладно време во Европа и на Балканот во следните месеци, односно во летните и есенските месаеци повторно ќе добие на интензитет, односно, ќе се зголеми нејзиното влијание, и ќе биде со поголем интензитет, наспроти топлиот климатски феномен Ел Нињо. Сето ова, би можело да придонесе дека оваа 2025 година кај нас да биде поладна за разлика од изминатите години, а очекувам и голем број на нови временски непогоди, како и поплави.


Сепак и покрај ова, не значи дека воопшто нема да има лето, нормално истото ќе го има и ќе се оди на плажа, ќе има летни горештини, но не би требало тие да бидат премногу екстремни и многу долготрајни.

Се на се, да се подготвиме и да се навикнеме на честите временски непогоди кои ги има последниве неколку години, и истите за жал стануваат се посилни.

Можете да прочитате

До кога со дрските и крајно недолични бугарски уцени?

Николоски по средбите во Дубаи и Шарџа: Очекуваме сериозни инвестиции во туризмот, инфраструктурата, земјоделието и недвижностите

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија