Утрински Весник
Македонија

Таравари: Има терапија што може да ги замени лековите што недостасуваат на Онкологија

Onkologija.jpg

– Јас пред состанокот се слушнав со директорот на Онкологија, бев информиран во детали, се работи за три – четири лека, што недостасуваат, не повеќе од четири дена. Од вторник, сите лекови, бидејќи процедурата е завршена на 11, меѓутоа се чека, има право за жалба. Тоа се процедурите. Мора да ги причекаме и после тоа, од вторник, сите овие лекови ќе бидат достапни за сите пациенти. Меѓутоа во меѓувреме за сите лекови што недостасуваат, а се четири, има терапија што може да го замени лекот што недостасува, одговори Таравари на новинарско прашање.

Министерот рече дека треба да се размислува за законски измени за да не се случува поради административни процедури, да недостасуваат лекови.


Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители