Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Марионетата на Заев, наместениот претседател на СДС, Венко Филипче има огромна поддршка од Заев заради нивното минато.


Минатото на Заев и Филипче, за жал продолжува во сегашноста преку потрчкото на Заев, Филипче, кој сега го глуми Заев во СДС. 

Заев не може да се откаже од Филипче, бидејќи тој во сегашноста му ги води политиките, а во минатото, тендерите.

Да ја потсетиме македонската јавност, дека Филипче беше фатен во „Крвави тендери’’, вредни 35 милиони евра. За среќа на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ, јавноста и медиумите го спречија ова. 

Инаку, тендерот ќе завршеше во рацете на фирма со име АХР ЛАБ, која беше без корпоративна електронска пошта, односно нејзиниот меил беше жути@јаху .

Заев и Филипче треба да бидат минато на политичката сцена, а не Заев да го промовира Филипче како ново лице во СДС. 

Заев и Филипче се директни виновници за сите работи заради кои тоневме како држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи веќе тоа изживување на институциите и државата. Време е за одговорност и правда!

Можете да прочитате

Муцунски: Посетата на ОАЕ носи конкретни бенефити за граѓаните

Николоски на средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала” од Абу Даби

Герасимовски и Перински на работна средба во Центар