Утрински Весник
Свет

Откажани стотици летови и затворени јавни паркови во Кина поради силните ветрови и заканата од песочна бура

Screenshot 2025 04 12 143141.jpg

Пекинг откажа стотици летови и ги затвори јавните паркови поради силните ветрови и заканата од песочни бури.

Некои делови од земјата ги забележаа своите најмоќни ветрови во последниве 75 години, со брзина до 148 км на час.


Невремето собори стотици дрвја, коштетени се автомобили и постари домови низ главниот град на Кина.

Двата огромни меѓународни аеродроми, Пекинг Капитал и Даксинг, откажаа 693 летови до 14 часот по локално време, со предупредувања за лоши временски услови на патот, особено во северниот дел на земјата и покрај крајбрежните области.

Повеќе летови и возови беа откажани во другите делови на Кина.

Откажани се и фудбалските и другите настани на отворено.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени