Утрински Весник
Македонија

МЗ: Двајца повредени од „Пулс“ вчера пуштени на домашно лекување, нема планирани исписи за викендов

20250412140119 big 730x400 21.webp.webp
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата.

Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба.


Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување.

Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување пациент кој е вратен од Марибор.

Можете да прочитате

Завршува изборната кампања – на полноќ почнува изборниот молк

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Голема заплена на дрога на македонско-српската граница