Утрински Весник
Македонија

Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата поради сомнежи за мито

Muhsin arifi 1.jpg

На состанокот одржан на 10 април 2025 година, Комисијата за етика на Алијансата за Албанците (АА) донесе одлука за итно исклучување од партијата на г-дин Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и актуелен директор на Геријатриската болница, поради сомнежи за земање мито од страна на надлежните органи.

Според Етичкиот кодекс на АА, од политичките претставници се бара висок морален, правен и професионален интегритет, додека членовите на раководните структури имаат обврска да дејствуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, притоа избегнувајќи лични финансиски или материјални интереси.


Врз основа на овие принципи, Комисијата одлучи не само да го исклучи Арифи од партијата, туку и да го разреши од функцијата претседател на Огранокот Сарај, сè до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд.

Од АА нагласуваат дека нема да толерираат никаква злоупотреба, кршење на законот или повреда на Етичкиот кодекс. „Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА. Довербата на граѓаните се заслужува и одржува единствено со чесност, посветеност и интегритет“, порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Николоски по средбите во Дубаи и Шарџа: Очекуваме сериозни инвестиции во туризмот, инфраструктурата, земјоделието и недвижностите

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија

За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!