Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

Onkologija.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живот.


Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела недостасува биолошкиот лек Palbosiklib, недостиг има и на лекот Bevacizumab (Авастин) – терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно, терапија од која зависи нивниот живот.

Кој е сега изговорот на Клековски и на Таравари? Кој ќе понесе одговорност? 

Наместо конкретни решенија и навремена набавка, институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да обезбедат навреме лекови, луѓето со месеци чекаат на терапија.

Ова е директен удар врз здравјето на пациентите за кои овие лекови се животно потребни. Недозволиво е во 21 век да нема континуирана достапност на основна терапија за најтешките болни.

Одговорност мора да има. Животот на пациентите со рак не смее да биде жртва на неспособноста и неодговорноста на оваа власт.

Можете да прочитате

Денеска 25 април 2026 година се празнува Преподобен Василиј Исповедник

Дневен хороскоп за 25 април 2026 година

СВЕТИ ЗИНОН ВЕРОНСКИ: Истакнат епископ, борец против аријанството и голем чудотворец