Утрински Весник
Скопје

Панел дискусија „За посигурна иднина на животните: Законски промени сега“

20250410184533 big 730x400 80.webp.webp

Панел дискусија „За посигурна иднина на животните: Законски промени сега“ ќе се одржи денеска во младинскиот центар „Матично“ при Општина Центар, во организација на Либералниот Институт Скопје.

Панел-дискусијата доаѓа по сѐ позачестените случаи на злоупотреба и насилство кон животните, но и недоволната ангажираност и реакција на надлежните институции кои треба да ги штитат истите, независно дали се работи за домашни миленици или улични и напуштени животни.


Настанот има за цел да покрене јавна и институционална дебата за потребата од системски пристап кон заштитата на животните и потребата од носење на итни измени во постоечкото законодавство.

На трибината ќе учествуваат: Радмила Пешева, директорка на ЈП „Лајка“; Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар; Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП) и Никола Јовановски, раководител во Општина Гази Баба, а дебатата ќе ја модерира новинарот Огнен Чанчаревиќ.

Учесниците ќе дискутираат за реалните предизвици со кои секојдневно се соочуваат локалните власти и граѓаните, како и за начините на кои може да се подобрат условите за живот на животните – напуштени и домашни.

Либералниот Институт информира дека панел-дискусијата е отворена за јавноста, љубителите на животни, активисти, институции, медиуми и за сите кои веруваат дека Македонија може да биде држава каде што животните се третираат со грижа и достоинство.

Можете да прочитате

Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите, велат од Левица

Ѓорѓиевски најави крај на хаосот, 100 нови еколошки автобуси во Скопје

Отворен нов наплатен пункт на Водовод во општина Ѓорче Петров