
Граѓаните кои и денес протестираат во Скопје, овој пат за правда на прегазената Теодора која во сообраќајка во Тетово го загуби својот живот, пристигнаа на последната точка од маршот, Кривичен суд Скопје.
Тие извикуваат “Уа”, “Доста беше смрт”, “Системот е следен”, а на транспарентите имаат испишано повеќе пароли: “Колку пари чини еден живот”, “Ако ние скапуваме, вие ќе скапете со нас”…
Протестот на „Кој е следен?“ започна пред Владата и на него преставниците на иницијативата им се извинија јавно на сите граѓани што во изминативе 35 години „изградиле“, како што рекоа фигуративно, систем кој свирепо ги убива децата.Ваквата алегорија практично беше одговор на етикетите што им се лепат од партиите и притисоците врз нив за да се обесхрабрат како нечија партиска филијала.
-Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ јавно им се извинува на сите граѓани што во изминатите 35 години изгради систем кој свирепо ги убива своите деца, ги загадува нашите градови и ја осиромашува нашата држава. Воедно, се извинуваме и за сите системски неправди што ние сме ги предизвикале од 8 септември 1991 година, па се до денес.
Организаторите на протестот најавија дека ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме.