Утрински Весник
Македонија

24 часовно мерење на брзината на патиштата, полицијата е на терен со сите радари

Policija brzinomer.jpg

Министерството за внатрешни работи на Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, се приклучува во акцијата која денеска на 9 април се реализира низ цела Европа.

-Денеска на територијата на целата држава почна 24-часовна акција на мерење на брзината на патиштата ширум Македонија и ширум Европа. Во акцијата учествува целата сообраќајна полиција и сите уреди за мерење брзина со кои располага македонската полиција. Контролните точки се распоредени на сите патишта во државата, а контролата трае од 00 часот до 24 часот, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли.


-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Да бидеме одговорни. Да ги почитуваме ограничувањата. Да спасиме животи, посочуваат од МВР.

Можете да прочитате

Апел за внимателно движење во природа, АХВ започна орална вакцинација на лисици против беснило

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Што мора да следи по конгресниот говор на Мицкоски?