Утрински Весник
Македонија

Укината забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка

Kolovoz1.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно суви коловози, извести АМСМ.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка се укинува забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила не е веќе задолжителна употреба на зимска опрема (ланци).


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.

Можете да прочитате

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Распишан е оглас за избор на судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Костова од СДСМ за ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски