Утрински Весник
Македонија

Згаснува националната телевизија Клан – 24info.mk

Lajmet upload yt .jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со одлука на менаџментот, сите вработени во телевизијата Клан Македонија од вчера се отпуштени од работа, дознава 4NEWS.mk. Ова е уште еден сигнал дека оваа медиумска куќа со национална лиценца, која во минатото се промовираше како глас на граѓаните, се соочува со крајот на своето постоење.

Телевизијата сè уште не ја подмирила годишната обврска кон Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), а според наши информации, рокот за плаќање истекува наредната среда. Но не ги исполнува ниту минималните технички, просторни, финансиски и кадровски услови за радио и ТВ емитување, утврдила Агенцијата пред четири дена.


Клан Македонија пред повеќе од една година доби нови сопственици – од Клан Косово, откако претходно беше дел од медиумската групација Клан Албанија на бизнисменот Александар Франгај. Нов менаџер во Скопје тогаш стана Фатон Шоши, сопственик на порталот Индекс онлајн. 

Телевизијата која емитуваше вести, ток-шоуа, документарни и забавни емисии на македонски и албански јазик преку кабелски оператор, своето прво влегување на медиумскиот пазар го имаше во 2018 година со преземањето на локалната ТВ Арт.

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус