Утрински Весник
Македонија

Александар имал 35 проценти изгореници од трет степен и изгореници на дишните патишта

Taravari61vazrtva 430219.png

Александар Гавриловски роден 7-ми март 1996 година е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани, бил во критична состојба од почетокот кажа министерот за здравство Арбен Тарави.

Александар имал 35 проценти изгореници од трет степен, и изгореници на дишните патишта.


Тој бил на лекување во Литванија, неговата состојба се влошила на 4-ти април а од вчера бил ставен на хемодијализа. Александар е вториот пациент што почина од 193 кои се лекуваа во државата и странство.

Таравари додаде дека има уште двајца критични пациенти, вкупно пациенти кои се лекуваат надвор од државата се 66 а во Македонија 10 пациенти.

Можете да прочитате

Газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тврди мајка на загинато момче

МВР казни 101 возач поради затемнети стакла

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите