Утрински Весник
Македонија

Бројот на наставници се зголемува, а се намалува бројот на ученици

Skolo 620x330 1.png

На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180.627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната учебна година. На почетокот на 2024/2025 година, во средните училишта имало 67 143 ученици.

Во основните училишта на почетокот на 2024/2025 година имало вкупно 180.627 ученици, додека минатата учебна година имало 182.124 ученици.


За разлика од бројот на ученици во основните училишта, кај наставниците се забележува пораст. Минатата учебна година имало 18.831 наставници, додека оваа година бројката се искачила на 19.447.

Во средните училишта, има минимално намалување на бројот на ученици. Во 2023/2024 година имало вкупно 67.278 ученици, а оваа година 67.143. Кај наставниците, пак, се бележи пораст. Во 2023/2024 година имало 7.051, а оваа учебна година бројката се зголемила на 7.084.

Можете да прочитате

СДСМ: Нов скандал – Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема”

Димитријевиќ: СДСМ бара тотална, неселектвина правда за Кочани

Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа