Утрински Весник
Македонија

Влада: Значително се зголемија платите на вработените во здравството

Vlada.webp.webp

Владата значително ги зголеми платите на здравствените работници, медицински сестри, техничари и административен персонал. 

Првото покачување беше со октомвриската плата во 2024 година, а со мартовската плата исплатена на април за сите вработени во јавниот здравствен сектор се зголеми за 2.500 денари.


За само шест месеци од Владата платите во здравството достигна зголемување од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, додека за медицинските сестри изнесува дури 6.200 денари.

Со ова покажавме дека се враќа достоинството на докторите и медицинските сестри кои се чувари на здравјето на граѓаните.

Наша цел е подобрување на здравствените услуги и здравствената заштита на пациентите.

Преку дијалог со здравствените синдикати постигнавме историски договор за покачување на платите во здравството во следните четири години да достигне дури 50 проценти.

Со работа, труд и реформи носиме резултати кои значат поголема мотивација, посветеност, стабилност и квалитет во здравството.

Владата продолжува да работи во интерес на сите граѓани и конечно враќање на довербата на граѓаните во јавните здравствени услуги.

Можете да прочитате

Сообраќајот во земјава се одвива по влажни коловози

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата

Кабли вредни 200.000 евра украдени од објект во изградба, осомничен вработен во обезбедување