Утрински Весник
Македонија

Прекинат сообраќајот на патот Струга–Ќафасан поради излетан камион

Img 6692.jpeg

Обилните врнежи од снег вечерва предизвикуваат сериозни проблеми во сообраќајот низ целата земја. Патниот правец Струга – Ќафасан е целосно блокиран поради излетан камион, а сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид – Ресен, кај превојот Буково, е во прекин поради сообраќајна незгода, соопштија од АМСМ.

Од 20:05 часот е воведена целосна забрана за сообраќај за сите видови возила на правецот Струга – граничен премин Ќафасан поради обилни врнежи од снег на коловозот.


Дополнително, од 18 часот, на патниот правец Тетово – Попова Шапка, е задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите возила, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Возачите се повикуваат на крајна претпазливост и внимателно планирање на патувањата.

Можете да прочитате

Приведен 79-годишен скопјанец, допирал малолетна сосетка

Ја тепал и давел сопругата, па и го скршил телефонот обезбедувачот на Мицкоски

Силни пораки од регионалната конференција во Скопје: Луѓето во центарот на демографската отпорност