Утрински Весник
Македонија

Два протестни марша денес во Кочани

Pozar Kocani 3.jpg

Денеска во Кочани се најавени два одделни граѓански протести.

Првиот е закажан во 12:05 часот под називот „Марш за ангелите“ и ќе биде симбол на задоцнетата институционална реакција.


Истиот е организиран од страна на семејствата на починатите во трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.

Собирно место е во Паркот на Револуцијата, по што граѓаните ќе се упатат кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Во писменото известување за овој марш организаторите нагласуваат дека тој не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката и граѓаните кои не го прифаќаат таквото укажување не мора да се приклучуваат.

Другиот протестен марш под називот „Ваш профит – наши животи“ е закажан за во 15 часот и 59 минути и ќе има слична маршрута до институциите како и претходниот. Притоа, во најавата што беше објавена на социјалните мрежи, не е наведено кој го организира.

Можете да прочитате

Врзете ги појасите, полетуваме кон локални избори

Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Пониква ги задоволува условите за лекување, 45 повредени од пожарот во „Пулс“ ја започнаа рехабилитацијата