Утрински Весник
Македонија

ЦУК со предупредување и внимателност покрај реките поради најавените врнежи

0c20308d 3432 492f 86a8 44ab885c08d6.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од УХМР известуваат дека водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на река Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот на денот.

Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15-20 l/m2. Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот.


Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина може да има на река Треска, река Црна, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава. Спред прогнозите можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои што можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава). Пообилни врнежи можни се и во делови од градските средини како Тетово и западниот дел на Скопје каде што предупредуваме на внимание.  Во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите. 

Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта стои во известувањето на ЦУК

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош