Утрински Весник
Македонија

Пронајден возачот што удри дете со мопед и побегна во Скопје

Screenshot 20250403 141305 facebook.jpg

На 2 април 2025 година, во 14:05 часот, на крстосницата од улиците „Ферид Бајрам“ и „Алпи“ во Скопје, мопед удри осумгодишно дете и го напушти местото на настанот. Детето со телесни повреди е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

По објавувањето на видео од инцидентот на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи информира дека се преземени соодветни мерки и активности. Возачот Ч.Т. (63) од Скопје е пронајден од страна на полициските службеници од СВР Скопје, и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.


Пријавата ќе опфати повеќе кривични дела, меѓу кои загрозување на безбедноста на сообраќајот, безобзирно возење и неукажување помош на повредено лице во сообраќајна незгода.

Можете да прочитате

Др. Беќаровски: Потребата од клинички токсиколози и онколози рапидно ќе расте

ДИК: 312 кандидати за градоначалници, 575 советнички листи

Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево