Утрински Весник
Македонија

Температурите паѓаат под нулата: Во недела се очекува снег

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

Денес попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2).

Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Во понеделник наместа ќе има провејување на слаб снег, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Потоа следува период на стабилно и постудено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат по нула.

Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни (10 – 15 л/м2). Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од дожд. Во вечерните часови во повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат