Утрински Весник
Македонија

Таравари засега не излегува од владината коалиција, ќе го чека исходот од преговорите на пратениците за локалните избори

Taravari 1 April.jpeg

Арбен Таравари, министер за здравство и дел од Коалицијата Вреди, синоќа во изјава за медиумите негираше дека ќе ја напушти владината коалиција.

-Не, засега не. Работните групи меѓу пратениците се уште водат преговори, така што се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик. Ако не, тогаш ќе видиме како понатаму, рече синоќа Таравари во изјава за медиумите на албански јазик.


Пратеничката група на ВРЕДИ работи на начинот за евентуална соработка за локалните избори. Оттаму велат дека имале средба на која разговарале за настапот на локалните избори, дека рамката се усогласува и оти за кратко време ќе имаат верзија која ќе им биде позната на лидерите од коалицијата.

Таравари деновиве во јавноста изнесе тврдење дека има несогласувања во Коалицијата Вреди во врска со настапот на локалните избори.

Можете да прочитате

МВР поднесе кривична пријава против Ромите кои го блокираа патот во Битола

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Полициски претрес: Најдени оружје, муниција и марихуана, уапсени четири лица