Утрински Весник
Македонија

Јавна дебата по повод Неделата на пешаците

Whatsapp image 2025 03 12 at 15.35.50.jpeg
Dik 300x250 mk

На Факултетот за безбедност во Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“,  по повод Неделата на пешаците.

Дебатата ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност.


Најавено е учество на експерти од областа на сообраќајот и претставници на надлежни институции, а ќе се обрати и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

РСБСП соопшти дека целта на дебатата е „да ја потенцира важноста на безбедноста на пешаците во сообраќајот, да ги истакне предизвиците со кои тие се соочуваат и да промовира одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот“. 

Можете да прочитате

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ