Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за несогласувањата меѓу Милошоски и Филков, „Лош ден“ кој ќе помине – Владината коалиција е стабилна

449fa1ed 0deb Ffb7 65d6 0064bf2fdced.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени соработката со Антонијо Милошоски на највисоко ниво, посочувајќи дека тој е еден од неговите најблиски соработници и значајна фигура во ВМРО-ДПМНЕ. Во врска со тензиите меѓу Милошоски и министерот за правда Игор Филков, премиерот изјави дека недоразбирањата се резултат на „лош ден“ и изрази увереност дека односите ќе се стабилизираат.

„Пратеникот Антонијо Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата, дел од мојот најблизок периметар. Соработката со него ја оценувам на највисоко ниво, тој е додадена вредност и во рамките на пратеничката група и во партијата со своето искуство,“ изјави Мицкоски.


Тој истакна дека министерот за правда Филков се соочил со бројни предизвици и проблеми во Министерството и дека секојдневно се координираат за клучните реформи во правосудството.

Во однос на прашањето за евентуални проблеми во владината коалиција „Вреди“, кои ги посочи министерот за здравство Арбен Таравари, премиерот одговори дека нема такво чувство и дека соработката со сите партнери е квалитетна и стабилна.

„Граѓаните треба да бидат сигурни – владината коалиција е стабилна. Поддршката од 78 пратеници во Собранието ја гарантира нејзината одржливост. Анкетите покажуваат дека граѓаните гледаат позитивни промени, што за нас е дополнителна мотивација да продолжиме со работата,“ изјави Мицкоски.

Несогласувањата во коалицијата излегоа на површина откако Милошоски во медиумите изнесе критики за работата на Филков, нарекувајќи ги неговите перформанси слаби, а министерот за правда возврати со обвинувања за минатото на Милошоски, алудирајќи на неговата вмешаност во донесувањето на контроверзни законски измени.

Дополнително, Таравари во своето интервју истакна дека „од 100 километри се гледа“ дека постојат несогласувања во „Вреди“ и потврди дека имал контакти со ДУИ, како и дека слични контакти остварувале и другите лидери на оваа коалиција.

Иако Мицкоски уверува дека владата е стабилна и дека сите разлики ќе бидат надминати, останува да се види како ќе се развива односот меѓу коалициските партнери во наредниот период.

Можете да прочитате

ДУИ за назначувањето на Богојески: Навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку и се наградуваат

Средба Божиновска – Милер: Поддршка од КфВ банка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните