Утрински Весник
Македонија

Недели не делат од добра вест за доизградбата на објектот на новата Клиничка болница во Штип, најави Мицкоски

Klinichka Bolnica Shtip.webp.webp
Dik 300x250 mk

Недели не делат од добра вест за доизградбата на објектот на новата Клиничка болница во Штип, најави денеска премиерот, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на отварање на фабриката „Магна мехатроникс“ во ТИР зоната во Штип.

-Многу, многу брзо од денеска убава вест за штипјани поврзана со клиничката болница, веќе недели не делат до таа убава вест и очекувам тоа да биде едно пријатно изненадување не само за Штип, туку и за цела источна Македонија, рече Мицкоски.


Штипската клиничка болница започна да се гради во 2016 година, но поради проблеми со изведувачот и подизведувачот на објектот беше стопирана нејзината изградба. Премиерот, Мицкоски во неколку наврати нагласи дека доизградбата на објектот на новата Клиничка болница во Штип е еден од приоритети на оваа Влада.

Можете да прочитате

Кандидат за градоначалник на Брвеница си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари