Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Работиме во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните- Вработените во МВР добија за 10% повисока плата

F0df9d3d 7754 F795 F5d2 564c49b7da51.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на зголемувањето на платите на полицајците, изјави:

„Веќе вработените во Министерството за внатрешни работи добија за 10% повисока плата, на 1 април. Уште едно од ветувањата е реализирано.


Пензионерите веќе добија 2.500 денари линеарно зголемување со оние 2.500 од минатата година, го заокружуваме циклусот на 5.000, линеарно зголемување за пензионерите.

Вработените во образованието, покрај она зголемување од минатата година, добиваат и оваа година, откако ќе биде потпишан договорот којшто се усогласува на работно ниво, вработените во здравството исто така.

Така што континуирано сето она што го правиме е во насока на подобрување на економските перформанси на нашите граѓани и ќе продолжиме во таа насока.”

Можете да прочитате

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија – Семејството бара помош

Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“