Утрински Весник
Свет

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции

20250402112357 Big 730x400 62.webp.webp

Масовни отпуштања почнаа денеска во големите американски здравствени агенции, додека администрацијата на Доналд Трамп тргнува во сеопфатно и научно оспорувано реструктуирање кое ќе укине 10.000 работни места.

Американскиот министер за здравство Роберт Ф.Кенеди рече дека отпуштањата се дел од големата реформа на неговиот оддел, со цел пренасочување на напорите за превенција на хроничните болести.


Нарекувајќи ги „тешки моменти за сите нас“, Кенеди рече „нашите срца се со оние кои ги загубија своите работни места“.

– Но, реалноста е јасна: тоа што го правевме не функционира, додаде тој, жалејќи се дека „Американците секоја година се се поболни“ и покрај зголеменото трошење на федералните агенции кои ја водат американската здравствена политика. 

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени