Утрински Весник
Свет

Москва: Не веруваме дека САД ќе го напуштат НАТО

20250401095133 Big 730x400 64.webp.webp

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави денеска дека Москва не верува во можноста САД да се повлечат од НАТО.

„Не мислам дека тоа ќе се случи“, рече Рјабков во интервју за списанието „International Affairs“.


Тој оцени дека актуелната американска администрација користи „извесна доза бравура“ во својата реторика.

– Мислам дека тоа е дел од вербалната стратегија за поттикнување на ‘НАТО коњот’. За САД да се разделат од Алијансата, би требало да се случи нешто што за мене е потполно незамисливо. Не верувам во такво сценарио, изјави рускиот дипломат.

Изјавата на Рјабков доаѓа откако поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Иво Далдер, на 28 март изрази загриженост дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да ја повлече земјата од Алијансата, и покрај забраната донесена од Конгресот во декември 2023 година.

Далдер нагласи дека, имајќи го предвид критичкиот став на Трамп кон обврските за колективна одбрана, ваков развој на настаните не може целосно да се исклучи

Можете да прочитате

Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти

Без збор, но со порака: Маск против тарифите на Трамп?

Израел во следните недели ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа