Утрински Весник
Свет

Седумгодишно девојче почина во ски-центар во САД: голема карпа падна врз неа

Ski Centar.jpg

Седумгодишно девојче од Невада починало откако било погодено од голема карпа која се откинала и паднала врз неа во ски-центар, соопштија локалните власти.

Аделин Грајмс почина по несреќа во ски-одморалиштето „Дајмонд Пик“ во селото Инклин, а Канцеларијата на судски совет од округот Вашо утврди дека станува збор за несреќа, објавија американските медиуми.


Скијачкиот центар „Дајмонд Пик“ изрази искрено сочувство до семејството на починатото девојче.

Околу 15 часот и 38 минути била повикана брза помош, а ски патролата веднаш укажала прва помош. Според соопштението од одморалиштето, набрзо пристигнале членовите на пожарникарската служба на Норт Лејк Тахо и Одделот на шерифот на округот Вашо.

„И покрај напорите на итната помош, детето им подлегна на повредите“, се вели во соопштението од ски-центарот, кој се наоѓа североисточно од езерото Тахо, на страната Невада.

Во посебна изјава, канцеларијата на шерифот, која го истражува случајот, го опиша инцидентот како трагична несреќа.

„Во овој случај нема елементи за кривично дело, а канцеларијата на шерифот изразува најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија“, велат тие.

Можете да прочитате

Русија предлага прекин на огнот од два-три дена на одредени делови

Моќна ерупција на Етна: Туристите панично бегаат (ВИДЕО)

Велика Британија е во воена готовност!