Утрински Весник
Македонија

Дрога во бункери во Бутел: Притвор за тројца млади скопјани

Triesetdneven Pritvor Za 25 Godishen Diler Na Droga 204025.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против тројца скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од ноември 2024 до март 2025 година, осомничените заедно со непознати лица чувале марихуана и амфетамин на неколку локации низ Скопје, вклучувајќи импровизирани бункери во општина Бутел.


При полициски претрес на осум различни локации, откриени се над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и предмети со траги од дрога. Вештачењата на папиларни линии и ДНК материјал ги поврзуваат осомничените со пронајдените наркотични средства.

Јавниот обвинител до судот поднесе предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Можете да прочитате

Во Кавадарци организиран Отворен ден на Армијата и презентација на воената вежба „Брз одговор 2025“ 

Првата половина на јули ќе се знае кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ продолжи со вистината за Кочани: Драган Петрушев е втор заштитен од Мицкоски и Коцевски