Утрински Весник
Македонија

Утрово земјотрес од 3,4 степени почувствуван во Македонија

Zemjotres2.jpeg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 06 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар  потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

Приведен 19-годишник од Кочани, правел експлицитни видеа од поранешната девојка и ги споделувал со трети лица

Неготинец фатен со „сканија“ со песок без документација

Рибар скокнал од чамец по веслата и не излегол од водата, „тигрите“ во потрага по него