Утрински Весник
Македонија

Владата склучи договор од 371.674 евра за истражување на јавното мислење

Ebd2b3ed 6609 430f 8f75 Dbda982ccefb.jpeg

Владата на Република Северна Македонија склучи договор со Друштво за маркетинг и консалтинг МАРКЕТ ВИСИОН ДООЕЛ Скопје за спроведување истражување на јавното мислење. Вредноста на договорот изнесува 371.674 евра, а неговото времетраење е две години или до исцрпување на средствата.

Компанијата ќе биде задолжена за:


• Осмислување и реализација на почетно истражување на национален репрезентативен примерок за проценка на јавното мислење во однос на владините политики и нивната ефикасност.

• Спроведување на осум квартални квантитативни истражувања (на секои три месеци) во текот на двегодишниот период.

Договорот предвидува следење на перцепцијата на граѓаните за владините мерки и политики, како и анализа на нивната ефективност во различни општествени области.

Погледни го договорот

Можете да прочитате

Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата

Опљачкана куќа во Визбегово, одземени пати злато, но и службен автомобил на МЕПСО

До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници? прашуваат невладините организации