Утрински Весник
Македонија

Иван Нисов еден од повредените пренесени во Полска: Примав инхалации, кислород и инфузии, засега сум подобар (ВИДЕО)

Screenshot 20250326 163900 Instagram.jpg
Dik 300x250 mk

Иван Нисов е еден од повредените со стравичниот пожар во Кочани кој беше пренесен на лекување во Полска. Тој преку видео повик се огласи и проговори со дел од тимот на Support Kocani, при што ја извести јавноста за тоа каква е неговата состојба.

Иван вели веќе бил подобар, засега состојбата му е смирена, а претходно имал проблеми со дишењето. Од она што му го кажале тамошните лекари, внатрешно бил веќе прочистен, но се уште примал инхалации, кислород, инфузии, и лекови преку неа.


Тој се надева дека наскоро ќе биде отпуштен од болницата таму и ќе може да се врати дома во Македонија.

Целото видео можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци