Утрински Весник
Македонија

Во недела меморијално пешачење во спомен на Благојче Илијевски, кој почина чекајќи државата да го набави лекот „Трикафта“

Fb Img 1742927053470.jpg

Во недела, на 30 март, ќе се одржи второто меморојално пешачење во Битола во спомен на Благојче Илијевски, кој почина во 2023 година, чекајќи државата да го набави лекот „Трикафта“.

Пешачењето ќе биде со водичи од планинарското друштво од Битола „ПСПК 7ми мај Битола“.


Поаѓањето е од 10 часот од кај винарија Чифлик во близина на селото Брусник, и продолжува по земјен пат, до селото Дихово и назад кон селото Брусник.

Асоцијација за Цистична Фиброза го организира меморијалното пешачење во негова чест, избирајќи датум помеѓу неговиот роденден 27. март, како и именденот 7. април.

Благојче Илиевски, речиси две години добиваше уверувања од државата дека ќе го добие лекот за цистична фиброза, но чекајќи ја изгуби битката со болеста

Можете да прочитате

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури