Утрински Весник
Свет

Полска и балтичките држави се повлекуваат од Договорот за забрана на противпешадиски мини

20250318102928 Big 730x400 97.webp.webp

Министрите за одбрана на Полска, Естонија, Летонија и Литванија во заедничко соопштение изјавија дека нивните земји ќе ја напуштат Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини со цел да ја подобрат својата безбедност по руската инвазија на Украина.

Со повлекување од договорот ратификуван во 1997 година, кој беше поддржан од повеќе од 160 земји, овие држави повторно ќе можат да складираат нагазни мини.


„Со оваа одлука испраќаме јасна порака: нашите земји се подготвени и способни да ги искористат сите неопходни мерки за да ги заштитат нашите безбедносни интереси“, се вели во заедничката изјава на министрите за одбрана на тие земји.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство