Утрински Весник
Македонија

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, хоспитализираните во Кочани и Штип пренесени во Скопје

20250317101625 Big 730x400 90.webp.webp

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.

– Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени, и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат, рече Таравари.


Како што рече, сите пациенти кои беа во Кочани и Штип, сега се сместени во Скопје. Во Кочани и Штип повеќе нема пациенти.

Таравари подвлече дека ситуацијата е под контрола и очекуваат помалку компликации.

Во пожарот загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент.

Можете да прочитате

Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар 

Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на државниот буџет од над 94 милиони евра

Супорт Кочани контра Мицкоски: Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните