Утрински Весник
Македонија

Сиљановска не ги прозива одговорните – се надева дека младите ќе научеле лекција од трагедијата

Davkova 960x519 1 768x415 1.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во изјава за медиумите во врска со трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, наместо да ги прозива одговорните, изјави дека се надева оти младите ќе научеле лекција.

„Знам дека тоа се млади храбри луѓе, верувам дека повеќето од нив ќе се спасат, лекарите се тука. Ќе научат една лекција во животот“ скандалозно изјави Сиљановска-Давкова.


Каква лекција очекува претседателката на научат младите кои биле во дискотека која била оставена да работи без лиценца речиси цела година, во која биле користени пиротехнички средства за кои не е јасно дали некој ги проверувал и во која полицијата токму синоќа вршела контрола за дрога и малолетници и не пријавила неправилности, иако дел од загинатите и повредените се малолетни лица.

Несреќата се случила синоќа околу 02:30 часот кога од прскалките кои биле користени на сцената се запалил кровот на дискотеката, по што избувнал пожар и настанало стампедо при обидот сите 1500 присутни да излезат од единствениот излез.

Можете да прочитате

Апел за молитва: Панчо од ДНК е на апарати, состојбата му е критична

Тоше Богданов излегол да го прослави раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот

Протест во Кочани по трагедијата: Барања за конкретни промени во општеството