Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Кочани ја следи состојбата по пожарот, ја одложи посетата во Подгорица

Mickoski.webp.webp

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по катастрофалниот пожар во Кочани од утрово ја следи состојбата по катастрофалниот пожар во дискотека што се случи ноќеска, информираат од Владата.

Премиерот го одлага патувањето во Подгорица на состанок на ЕПП, а ќе побара и одлагање на Самитот за Западен Балкан што треба да се одржи во Скопје.


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за медиумите исто така посочи дека и премиерот е во Кочани, но не кажа дали ќе има вонредно заседание на Владата.

Тошковски соопшти дека во пожарот во дискотеката загинале 51 лице, а над 100 се повредени.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола