Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на поставување на камен темелник на реконструкција на локален пат во Општина Студеничани

Mickoski 1.jpg

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома” во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка” во Општина Студеничани.

Проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од 63.537.537,78 денари, од кои учеството од страна на Министерство за транспорт изнесува 59.205.825 денари, а кофинансирањето на општината 4.331.712,78 денари.


Можете да прочитате

ДИК: 312 кандидати за градоначалници, 575 советнички листи

Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска