Утрински Весник
Македонија

Охрид ќе добие 3,5 милиони денари за проект за затворање на нестандардната депонија „Буково“

Ohrid1 1.jpg

Општина Охрид ќе добие 3.418.650 денари, средства наменети за изработка на техничка документација за депонијата „Буково“.

Станува збор за средства обезбедени преку проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, што се реализира преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.


Како што појаснуваат од Општина Охрид, средствата ќе бидат наменети за изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија „Буково“.

Со оваа поддршка се подобруваат општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина.

Можете да прочитате

ИЈЗ: Водата во Охридското езеро во јули и декември лани се класифицира како „незадоволителна”

ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово утре ќе го расчистува патот кон депонијата Краста

Мицкоски: Досега изградени се 20 спортски објекти во 10 општини, продолжуваме со инвестиции во спортот